Балкан

Тројца терористи убиени во престрелка со турската полиција

Тројца терористи убиени во престрелка со турската полиција

Тројца терористи биле убиени во округот Карс, во североисточниот дел на Турција, при престрелк со жандармеријата.

Веројатно убиените биле членови на Курдската работничка партија (ПКК), која е активна во источните делови од земјата.

Властите трагаат по уште еден напаѓач, кој успеал да избега.

Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на борбата на ПКК во 1984 година за курдска автономија во Југоисточна Турција. Кон крајот на 2012 година турските власти започнаа преговори за мирно решавање на курдскиот конфликт со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна.