Тројца тешко повредени во напад со нож во Виена

Три лица се тешко ранети во напад со нож во австриската престолнина Виена во средата навечер, пренесува агенцијата АРА цитирајќи го полицискиот портпарол.

Весникот Oesterreich пишува дека нападот се случил во квартот Леполдштад во близина на забавниот парк Пратер.

Според порталот heute.at, жртви се маж и две жени на возраст меѓу 40 и 50 години.

Претставник на австриската полиција соопшти дека по инцидентот напаѓачот побегнал во непознат правец и безбедносните сили тргаат по него.

Мотивите за нападот засега не се познати.