Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Неготино

Три лица се тешко повредени, а едно полесно, во сообраќајката која утринава околу два часот се случила во Неготино. Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски

Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Р 103 Кавадарци-Неготино, на влезот во Неготино, кај станицата за технички преглед „Антигона”.

„ Патнички автомобил “опел астра” со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис“, соопшти Додевски.

Возачот се стекнал со телесни повреди и бил задржан на лекување во Кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.