Тројца тетовци крвнички претепале сограѓанин

Тројца тетовци го претепале својот сограѓанин Ј.О.

Откако го паркирал своето возило „форд транзит“, на местото дошле две лица со возило „венто“ и започнале расправија со Ј.О,  по што дошло уште едно лице, а потоа сите тројца физички го нападнале. Едниот од напаѓачите го удрил Ј.О. со тврд предмет во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина.

Од преземените мерки е утврдено дека се работи за Б.Р.(24), И.Р.(33) и Ш.Р.(56) сите од Тетово, а лицата се повикани во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.