Тројца тинејџери загинаа, а еден е тешко повреден во експлозија во Франција

©PHOTOPQR/OUEST FRANCE/ FRANCK DUBRAY/LE 14/05/2012/Des policiers nantais recherchent un garçon de 13 ans qui s' est jeté dans la Loire. L’adolescent qui avait été mis en examen la veille pour des home-jackings, était au volant d' une voiture volée. Il a blessé trois policiers gravement lors de l' interpellation.

Во саботата во местото Ба ан Басет во Горна Лоара, во експлозија во напуштена куќа загинаа тројца тинејџери, а четвртиот е тешко повреден и е во животна опасност, јавува дописникот на МИА од Париз.

На местото на експлозијата истражните органи пронајдоа траги од хлороводородна киселина и ацетон, како и пластичен пиштол кој се користи во игрите Ерсофт, еден вид на Паинтбал, односно пиштоли на гас кои стрелаат со пластични зрна.

Четворицата тинејџери се на возраст од 14 до 16 години.

Според првите елементи од истрагата најверојатно младите предизвикале експлозија со неконторлирано мешање на хлороводородна киселина и ацетон.

Повеќе од дваесет припадници на жандаремријата беа вклучени во обезбедувањето на местото на експлозијата и во истрагата за причините на смртта.

Според градоначалникот на Ба ан Басет, Жил Давид, цитиран од страна на регионалниот дневен весник Ла Монтањ, напуштена куќа немало ризик да се урне самата.