сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Тројца турски воени аташеа исчезнале?

Околу 160 припадници на турската армија, по кои се трага во врска со обидот за пуч, се уште се наоѓаат на слобода, а меѓу нив има и девет генерали.

турција

Последни вести

Тројца турски воени аташеа, двајца од амбасадата во Грција и еден во БиХ, исчезнале откако биле повикани во Анкара како дел од истрагата за неуспешниот обид за преврат на 15 јули, изјави висок турски претставник.

– Знаеме дека двајца воени аташеа во Грција се обидоа да заминат во странство. Разузнавачките информации кои ги добивме покажуваат дека можеби заминле во Италија. Ако тоа се потврди ќе ги информираме италијанските власти, истакна турскиот претставник.

Според него, не е позната ниту локацијата на военото атеше во Босна.

Во меѓувреме, секретарот за односи со јавност во Амбасадата ма Турција во БиХ ги отфрли тврдењата дека военото атеше исчезнал.

– Военото аташе на Турција во Босна не бил повикан во Анкара и тој ја врши својата работа вообичаено, истакна секретарот.

Околу 160 припадници на турската армија, по кои се трага во врска со обидот за пуч, се уште се наоѓаат на слобода, а меѓу нив има и девет генерали.

Најчитани вести