Свет

Тројца убиени при престрелка во германскиот град Бајројт

Тројца убиени при престрелка во германскиот град  Бајројт
Тројца убиени при престрелка во германскиот град Бајројт

Три лица синоќа биле убиени во јужниот германски град Бајројт, информира ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Телата на трите жртви биле пронајдени во близина на паркирани автомобили, а уште едно рането лице било најдено во близина, откако во полицијата било јавено за пукањето.

Идентитетот на убиените и мотивите за пукањето засега се непознати.

Овој баварски град, со околу 72.000 жители, е светски познат по својот летен оперски фестивал.