Свет

Тројца убиени во пукање во американско училиште

Тројца убиени во пукање во американско училиште

Три лица загинале во четвртокот во пукање во гимназија во градот Ацтек во северниот дел од американската сојузна држава Њу Мексико, јавува агенцијата Associated Press повикувајќи се на шерифот на округот Сан Хуан, Кен Кристезен.

Според шерифот, загинатите најверојатно се ученици. Кристезен појаснил дека мажот кој отворил оган, исто така, е мртво, но не појаснил дали тој е вброен во вкупниот број на жртвите.

Локалната телевизија WCVB, пак, пренесе дека две лица биле жртви на напаѓачот, кој е ликвидиран во престрелка.

Телевизијата Fox News пренесува дека во пукањето биле ренети дванаесет лица. Возраста на настраданите, исто така, не е објавена.

Училишната зграда ја претресуваат полициски службеници. Училиштата во низа други блиски градови привремено биле затворени поради инцидентот во Ацтек, пренесуваат локалните медиуми.

Претходно околу 18 часот по локално време, било објавено дека во училиштето се изведува итна евакуација. Полицијата го блокирала училиштето и побарала од граѓаните да ја избегнуваат таа локација. Подоцна е побарано од родителите да ги однесат децата во полициската станица.