Свет

Tројца убиени во ромски камп во Франција

Tројца убиени во ромски камп во Франција
Tројца убиени во ромски камп во Франција

Најмалку три лица загинаа, а четири се повредени, вклучително двајца полицајци, во пукотница денеска во ромски камп во северниот дел на Франција.

Местото на несреќата е блокирано од полицијата, која врши истрага за причините под кои дошло до вооружена престрелка.

Според телевизијата „Раша тудеј“, која се повикува на локални извори, во пукотницата во ромски камп се убиени маж, жена и шестмесечно дете. Меѓу повредените најверојатно се наоѓа и напаѓачот.