Македонија,Крими хроника

Тројца валандовци во притвор за криумчарење мигранти

Тројца валандовци во притвор за криумчарење мигранти

Минатата недела во три одвоени случаи на криумчарење мигранти против три лица – С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од од село Марвинци, валандовско и С.К. (25) од село Казандол исто така валандовско, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ по член 418-б ст.2 вв ст1 од КЗ на РМ. Притоа откриени се 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од по осум дена.

Во првиот случај четири сириски мигранти заедно со пријавениот С.Н. од село Марвинци затекнати се во близина на напуштен објект во м.в “Стара кафана“. Илегалните мигртанти по документирањето на случајот се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај пријавениот Д.М. со товарно моторно возило фургон марка “пежо боксер“ со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци-Балинци кај м.б. “Канал“ прифатил 20 сириски државјани од кои четворица поседувале и грчки документи, со цел да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово за сума од 130 евра од лице. Но набргу по тргнувањето кај раскрсница Валандово-Дојран-Струмица од страна на полициски службеници од ПС од ОН Валандово со светлечка стоп палка му е дадено знак СТОП да застане, при што Д.М. не ја почитувал дадената наредба ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на с. Раброво, и кај м.в. “Штали“ го запира возилото и се дава во бегство со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен во ПС Гевгелија.

И во третио случај пријавениот С.К. управувајќи ПМВ марка „ Југо Темпо 1.1“ со струмички регистарски таблички се обидел од близината на село Јосифово, валандовско до Скопје да превезе пет илегални мигранти но при контрола во близина на Демир Капија.