Тројца војници на НАТО убиени во Кабул

Најмалку тројца војници на НАТО се убиени, а уште тројца се ранети во денешниот напад на бомбаш-самоубиец во Кабул, кој се разнесе во близина на американската амбасада каде што поминувал воен конвој на патот спрема аеродромот.

Одговорноста за нападот ја преземаат Талибанците наведувајќи дека самоубиецот се викал Билал.Авганистанските власти наведоа другите цивилни жртви немало, пренесува агенцијата Ројтерс.

Нападот на НАТО конвојот наводно е последица на повеќемесечен политички застој кој ги охрабрува бунтовниците како и фактот дека најголем дел од странските трупи треба да го напуштат Авганистан кон крајот на годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.