Тројца загинати и 45 ранети во бомбашкиот напад во Турција

Тројца загинати и 45 ранети во бомбашкиот напад во Турција
Тројца загинати и 45 ранети во бомбашкиот напад во Турција

Три лица загинаа и 45 се ранети од кои 12 полицајци во денешниот напад со автомобил бомба врз полициско возило во центарот на Дијарбекир, соопштија официјални лица.

Во нападот загинале еден полицаец и двајца цивили. Меѓу ранетите има девет полицајци. Неколкумина ранети се во критична состојба.

Нападот бил извршен врз оклопно полициско возило.

Засега нема информации дали е преземена одговорност за нападот. Во изминатите месеци во југоисточна Турција се водат вооружени судири меѓу турските сили за безбедност и припадници на ПКК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.