четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 18

Тројца загинати при заложничката криза во црква во Франција

francija

Поврзани вести

Тројца загинати и еден ранет е билансот на жртвите на денешната заложничка криза во една црква близу француксиот град Руан, соопшти полицијата.

Како што јави телевизијата Франс 24, две вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во црквата, се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“.

При акцијата напаѓачите го убиле локалниот свештеник и му нанеле посериозни повреди на уште едно лице, пренесува МИА.

Како што јави ТАСС, напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви, биле убиени, при обидот да побегнат од црквата.

Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи, чиј идентитет засега не е соопштен, упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре и ги задржаа како заложници сите присутни во неа.

Според француските медиуми, во цркавата во тој момент покрај свештеникот, биле и две католички калуѓерки и неколкумина верници.

Телевизијата Франс 24 јавува дека веднаш по упадот на напаѓачите, полициски и безбедносни сили го запоседнале целиот простор околу црквата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерт за внатрешни работи Бернар Казнев веќе се упатија кон местото на нападот.

Полицијата не јавува дали инцидентот во близината на Руан го смета за терористички напад.

Најчитани вести