Крими хроника

Тројца затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад

Тројца затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад

Тројца затвореници од штипскиот затвор од денеска започнаа штрајк со глад. В.д. директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров вели дека информацијата која одредени медиуми ја објавија дека во затворот штрајкуваат триесетина осуденици  е шпекулација.

Тој за МИА потврдува дека од денеска во овој затвор со глад штрајкуваат вкупно тројца осуденици и тоа од првиот затвореник е од охридско-струшкиот регион, вториот од Скопје, а третиот од Струмица.

Тодоров вели дека осудениот од охридско-струшкиот регион штрајкува за да  биде преместен во струшкиот затвор, бидејќи со Законот за амнестија неговата казна е намалена на три години, со што го исполнува условот да биде префрлен во овој затвор.

Директорот на затворот вели дека барањето се уште не е доставено до Управата за санкции, бидејќи во моментот приоритетно е спроведувањето на Законот за амнестија.

„ Откако ќе биде доставено барањето на осуденикот и се добие одговор од Управата, овој осуденик ќе биде префрлен во струшкиот затвор, додека останатите двајца осуденици штрајкуваат заради здравствени услуги коишто неможат да бидат извршени во штипскиот затвор, рече Тодоров.

Во изминатите денови од Затвор Штип, како што додаде Тодоров, со Законот за амнестија пуштени се над дваесет осуденици.