Тројцата Американци ослободени од Пјонгјанг допатуваа во САД

Тројцата американски државјани, кои беа ослободени од Северна Кореја, слетаа во четвртокот рано утрото во воена база недалеку од Вашингтон, каде што ги дочека американскиот државен врв.

Американскиот претседател Доналд Трамп, потпретседател Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео ги поздравија досегашните севернокорејски заточеници, чиешто ослободување го надзираше Помпео во текот на неговата постета на Пјонгјан претходно седмицава.

„Ова е посебна ноќ за овие тројца навистина големи луѓе. Ви честитаме што сте во оваа земја“, изјави Трамп.

Судбината на корејските Американци Ким Хак-сонг, Тони Ким и Ким Донг-чул беше едно од низата чувствителни прашања во текот на подготовките на првиот состанок меѓу челниците на САД и Северна Кореја.

Трамп го испрати Помпео во Пјонгјанг за да ги отпрати овие тројца до нивните домови по повикот од Вашингтон за севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун да ги ослободи како гест на добра волја и искреност пред состанокот на врвот, кој треба да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Белата куќа соопшти во средата дека Трамп го смета ослободувањето на тројцата Американци за „позитивен гест на добра волја“ од страна на Ким пред нивната планирана средба.

 

Збрувајќи за планираната средба, Трамп рече дека „многу брзо“ ќе има вести за тоа.

„Кога ќе се оствари денукеларизација на целиот (Корејски) полуостров, тоа ќе преставува постигнување на коешто ќе бидеме најгорди. Јас навистина мислам дека тој (Ким) сака да стори нешто и да ја доведе земјата во вистинскиот свет. Ќе видиме што ќе се случи“, истакна Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.