Тројцата повредени пожарникари се во стабилна здравствена состојба

Денеска одејќи на интервенција во Арачиново, во населбата Триангла-Маџари се преврте возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, соопшти Град Скопје.

Повредени се тројца пожарникари кои во состојба се пренесени во Клиничкиот центар. Нивната општа здравствена состојба е добра и тие се надвор од животна опасност.

На интервенцијата за гаснење пожар веднаш беа испратени други противпожарни возила, а на помош се вклучија и екипи на ЈП „Комунална хигиена“.

Се очекува помош од градежни компании за отстранување на возилото на БППЗ.