Тројката го одобри португалскиот план за штедење

Меѓународните кредитори на Португалија и го одобрија денеска спроведувањето на планот на земјата за штедењ , објави владата во Лисабон .

Одобрението на Тројката, ММФ, ЕУ и ЕЦБ, го отвора патот за доделувањето на нова транша од 2,7 милијарди евра од кредитот во вкупен износ од 78 милијарди евра, лансиран во мај 2011 година.

„Оценката од десеттата проверка на Тројката е позитивна. Португалија веќе издржа 10 од 12 испит, и остануваат само уште два“, истакнал со задоволство премиерот Паулу Порташ, претставувајќи ги пред медиумите заклучоците од најновата мисија.

„Тоа беше многу опуштена мисија која потврди дека ние сме на вистинскиот пат за завршување на програмата во предвидениот рок“, коментирала министерката за финансии Марија Луис Албакерки.

Португалија досега добила 71,4 милијарди од вкупно 78-те милијарди евра, доделени од ММФ и ЕУ во рамките на програмата за помош која завршува во јуни 2014 година.