Тројката на Барса за очекуваната победа над Леванте

Во 18-то коло од шпанското фудбалско првенство во неделата на својот „Ноу Камп“ фудбалерите на Барселона славеа против Леванте со 3:0, и ја задржаа предноста од девет бодови во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Головите за Барселона ги постигнаа Лионел Меси во 12, Луис Суаерез во 38 и Паулињо во третата минута од судиското продолжение.

Во првиот меч од неделната програма во Ла Лига, екипата на Леганес пред своите навивачи го совлада Реал Сосиедад со 1:о, а стрелец за седмата победа сезонава беше Габриел во 75 минута.

Ден претходно Атлетико Мадрид на домашен терен со 2:0 го совлада Хетафе.

https://www.youtube.com/watch?v=6jetElIwt-w