„Тројката“ под лупа на европските законодавци

Тројката меѓународни кредитори се нашле под лупата на европските законодавци, кои сакаат да знаат како и зошто ова трио наметнува високи трошоци на програмата за помош.

Меѓу клучните прашања кои што ги поставиле пратениците на Европскиот парламент се поврзани со транспарентност, одговорност, несоодветни предивувања и дополнително штедење, кое што кредиторите им ги наметнаа на земјите членки на ЕУ кои што се соочуваат со проблеми од кризата.

„За поголемиот број на луѓе во Европа, мерките од ’Тројката’ се наметнати од надвор, и поради тоа е потребно да има поголема транспарентност“, изјавил лидерот на групата социјалдемократи во парламентот, Мартин Шулц.

Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за прв пат се состанаа во 2010-тата година за да формира програма за помош на Грција.