„Тројката“ се враќа во Атина до крајот на неделата

Претставници на „Тројката“ меѓународни кредитори од Европската комисија, Европската централна банка и ММФ ќе се вратат во Атина до крајот на неделава, најдоцна до недела, соопштуваат грчките весници.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас, прецизирал дека „Тројката“ доаѓа за да биде финализиран на експертско ниво договорот со доверителите за оценувањето и за извршување на стабилизација на програма, во рамките на која Грција добива спасувачки рати за излез од кризата, пишува весникот „Вима“.

Атина се надева дека оваа проценка ќе биде подготвена пред следниот состанок на Еврогрупата на 10 март.

Грчката страна очекува да и бидат доделени останати рати за минатата година и првата транша за 2014 година Вкупниот износ се пресметува на околу 11 милијарди евра. Средствата се потребни за да може Атина до покрие претстојните обврски во износ од осум милијарди евра до средината на мај.

Весникот „Етнос“ пишува за дадените проценки на министерот за финансии, дека разговорите со „Тројката“ забележуваат напредок. Тој, сепак, појаснил дека претстои уште значајна работа.

Стурнарас истакнал дека разгледувањето на прашањето со доверителите за финансиската дупка на Грција треба да започне по завршувањето на оваа евалуација на програмата и дека дебатата за ублажување на грчкиот долг е потребно да се започне, откако Евростат ќе се произнесе за примарниот буџетски суфицит на земјата за 2013 година Ова треба да случи на 23 април, наведува весникот „Елефтеротипија“.

Фактот дека „Тројката“ ќе се врати наскоро во Атина, покажува дека е постигнат напредок, но тоа не е гаранција за позитивен резултат, истакнал Јерун Деиселблум.

Неговата проценка била споделена и од комесарот за економски прашања Оли Рен. Шефот на Европската стабилизационен механизам Клаус Реглинг, изјавил дека до крајот на програмата остануваат уште 10,1 милијарди евра да бидат доделени на Грција, додавајќи дека следната исплата ќе зависи од оценката на „Тројката“.