Тројно убиство и самоубиство во скопско

Во неделата околу 10 часот од страна на непознато лице извршено е убиство на три лица, едно лице е убиено во селото Глумово, додека две лица се убиени на влез во селото Кондово.

При обид за приведување на лицето во селото Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство.

Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидот е во тек. Најверојатно сторител е Ш.С. од селото Глумово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.