Тројно убиство во Кавадарци

Тројно убиство се случило денеска во Кавадарци. Според првичните информации, зет ги убил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга по што избегал.

Неофицијално случајот околу 16 часот го пријавила сопругата на убиецот. Од полицијата потврдуваат дека има пријава за починати три лица, но повеќе детали не се откриваат.

Убиството, најверојатно се случило во домот на убиените, а зетот по извршеното дело избегал.