Тројно убиство во пробиштипско

Маж со огнено оружје застрелал двајца повозрасни мажи и една жена, јавува Курир.

Од полицијата за Курир го потврдуваат тројното убиство, но не откриваат повеќе детали бидејќи увидот е во тек. Интензивно се трага и по убиецот за кој полицијата има сознанија.

Идентитетот на жртвите и мотивот за тројното убиство засега не се познати.