Тројно зголемен број на интервенции на Брзата помош за Нова година во Кавдарци

За време на новогодишната ноќ во Кавадарци имало трипати повеќе интервенции за разлика од вообичаено.

Началникот на Службата за итна медицинска помош при Здравствниот дом во Кавадарци, Антоан Паракеов денеска информираше дека најголем дел од случаите биле грипозни лица, но имало и повредени во тепачка и предозирани со алкохол.

– Имаше и тројца полесно повредени при тепачка, како и неколкумина предозирани со алкохол. Бидејќи не се работеше за посериозни случаи, не беа препратени во болница. Тие добија соодветен медицински третман од нашата дежурна екипа, соопшти Паракеов.