Тројца претседатели го поддржаа бунтот во Украина

Тројца поранешни претседатели на Украина изразија поддршка кон масовните протести, што настанаа поради одбивањето на украинската Влада да потпише договор за асоцијација со Европската унија, пренесува „АФП“.

„Изразуваме солидарност кон мировната граѓанска акција на стотиците илјади млади Украинци“, рекле во заедничката изјава Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко.

„Длабоката политичка криза што се појави во Украина, може да остави сериозни последици за територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“, предупредуваат поранешните шефови на државата.