Тропска бура на Филипини, Манила поплавена

Силен дожд во Манила, главниот град на Филипините, предизвика денеска поплави во многу делови на градот, поради што е прогласена вонредна состојба. Училиштата се затворени, а исто и фабриките, канцелариите, пазарите. Тропската бура го зафатила северниот дел од земјата.

Илјадници жители на Манила, се евакуирани во повисоките делови на државата бидејќи нивото на водата брзо расте, откако за шест часа наврнало поголема количина на дожд која е вообичаена за 15 дена.

Филипинската берза не функционира, а властите во главниот град прогласиле вонредна состојба.

Тропската бура „Фунг Вонг“, која е проследена со ветар со брзина од 85 до 100 километри на час.

Бурата се движи кон северозапад, кон Јужното кинеско море со брзина од 22 километри на час. Се очекува во вечерните часови да го напушти копното, соопштуваат филипинските власти.

Цивилните власти објавија дека се откажани се околу 40 домашни летови и шест меѓународни летови од Сингапур, Тајланд и Кина. Овие летови се пренасочени на други аеродроми, а одредени летови доцнат.

Илјадници бродски патници останале на брегот, бидејќи бродскиот сообраќај е во прекин. Крајбрежната стража им забранила на рибарите да изглевуаат на море.

Од источниот дел на Манила евакуирани се 27 илјади луѓе поради излевање на локалните реки. Властите внимателно ја следат состојбата на една брана која е скоро полна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.