Тропски тортички – лесен десeрт од јогурт готов за половина час

Се работи за лесен летен рецепт за чија подготовка нема да ви треба многу време, а по ладењето станува вистинско освежување. Наместо манго можете да користите ананас или некое друго овошје.

Состојки:

  • 100 грама бисквити
  • 50 грама зобени снегулки
  • 80 грама путер

За крем:

  • 6 дл полномасен јогурт
  •  Ванилин шеќер
  • 80 грама шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3   дл  шлаг
  • Вреќичка зацврстувач за шлаг
  • 2 манга
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка:

Сомелете ги бисквитите со зобените снегулки и помешајте ги со путер. Распоредете ги на дното од помали калапи, притиснете ги и ставете ги во ладилник. Желатинот натопете го во студена вода додека не омекне. Јогуртот промешајте го со сок од лимон, со шеќер и ванила.

Загрејте го желатинот на тивок оган додека не се стопи, па ставете го во смесата од јогурт. Измиксајте ја шлаг пената со  зацврстувачот и вмешајте ја со смесата од јогурт и ставете ја во калапите со подлоги од бисквити.

Мангото исечкајте го на ситни коцкички и ставете го во тава. Ставете една лажичка шеќер и гответе додека овошјето не омекне. Оладете го и ставете го врз тортичките. Оставете го колачот во ладилник неколку часа. Пред послужување префрлете ги тортичките во чинии и извадете ги од калапите.