Трошаџискиот менталитет на социјалдемократите не се менува

Од СДСМ честопати умееја да го обвинат своите колеги пратеници од ВРМО-ДПМНЕ за високите надоместоци наводно земани по разни основи, меѓутоа откако излегоа на виделина службените податоци, се покажува дека по само еден месец на власт социјалдемократите, особено кога се на власт и тоа е на сметка на државната каса, односно даночните обврзници, не го менуваат својот трошаџиски менталитет и лицемерието.

Така, седум пратеници на СДСМ за патни трошоци за март и април годинава земале по повеќе од сто илјади денари месечно, покажуваат официјалните податоци.

Од владејачката партија, надоместоци од над сто илјади денари во април имале координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев (106.752), Мира Стојчевска (103.074), Васко Ковачевски (103.681), Јован Митрески (103.617), Сашо Поцков (108.980), Александар Кирацовски (103.681), Жаклина Лазаревска (103.617).

Така на својот профил на фејсбук, поранешната новинарка Јорданка Ивановска- Јоци, реагираше на написот на порталот инфроплус.мк, близок на СДСМ, во кој во прв план се наведува дека претеникот Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ земал две илјади евра за патни трошоци.

Така, Ивановска пишува „За еден месец, за патни трошоци, сдсмовците, исто како колегите вмровци, си искеширале 2.000 евра плус плата од 1.500 евра = 3.500 евра.

http://plusinfo.mk/…/mukoski-zemal-dve-iljadi-evra-za-patni…

Во секој сдсмовец, всушност, цело време чучела по една Силвана Бонева, која ја ‘обесивме’ на плоштад за истово. А, сега цело членство на СДСМ плус ‘борците за слобода’ молчат и ја пикаат главата во песок.

20643927_10212829085269180_1549727468_n

Истиве овие, пред да дојдат на власт, глумеа чесни и ломотеа дека нема да бидат исти.

Не само што сте исти, напротив бетер сте. Затоа што, свесно го правите истото за кое урлавте дека е криминално однесување.

Полни усти демагогија и трошаџиски разврат, по само ЕДЕН МЕСЕЦ власт.

Ја пеевте ‘Бела чао’ за кеш. Толку јасно. И устите ви беа полни со починати деца за да го читаме ова денеска.
Одвратни сте!“.

IMG_1846

Оттаму воопшти и не зачудуваше кога новата Влада предводена од СДСМ иако најавуваше дека ќе штеди, набавува  риба, откоподи и морски плодови, во вредност 450 илјади денари. А, пак, Министерството за надворешни работи ќе потроши 2,6 милиони денари за набавка на на странски весници и информации на англиски јазик, иако новата влада најавуваше дека ќе штеди.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.