Трошиме двојно повеќе енергија од европскиот просек

По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, Локалната агенција за развој Струга ја информира јавноста дека трошиме речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. Потребна е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија.

„Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори на енергија, кои се лесно достапни во руралните области кои се целна група на нашиот проект, во најголема мера се неискористени и најчесто претставуваат отпад од самиот процес на производство. Инвестирањето во нови технологии ќе придонесе за нивно искористување, со што ќе се зголеми производството, ќе се создадат нови работни места и ќе се обезбеди социјална сигурност. Воведувањето на енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина,“ се вели во соопштението на Локлната агенција за развој на Струга.

Локалната Агенција за развој (ЛДА) во соработка со партнерите EuroPartners Development и Eco Partners for Sustainable Development од Албанија започнаа со спроведување на проектот ‘Сино и зелено наспроти црно и сиво”.

Проектот е во рамките на ИПА програмата Македонија – Албанија финансиран од Европската Унија во мерката 1.2: Одржлив развој со акцент на заштита, прoмоција и управување со природните ресурси и екосистеми. Главната цел на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во прекуграничното подрачје на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.