Економија

Трошоците во градежништвото намалени за 0,1 отсто

Трошоците во градежништвото намалени за 0,1 отсто

Трошоците во градежништвото за новите објекти за индивидуално домување во првото тримесејче од годинава се пониски за 0,1 процент во споредба со истиот период минатата година, објави МИА.

Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците за материјали во овој период се пониски за 1,2 проценти, а трошоците за вработените повисоки за 2,9 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од минатата година трошоците за новите објекти за индивидуално домување се пониски за 2,8 проценти, трошоците за материјали за 1,3 проценти, а трошоците за вработените се пониски за 6,8 отсто