Трошоците за живот во декември повисоки за 0,3 отсто

Трошоците на живот, мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, во декември оваа година во однос на претходноиот месец, бележат пораст од 0,3 отсто, додека во однос на истиот период лани тој пораст е од 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември оваа година, во однос на претходниот месец, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Транспорт за 0,5 отсто,
Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0,3 отсто, Здравје за 0,2 отсто, Облека и обувки и Домување, вода,
електрика, гас и др. горива за 0,1 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Ресторани и хотели за 0,6 отсто,
Алкохолни пијалаци, тутун и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,2 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите во групите Комуникации и Образование.