Македонија

Трошоците за живот во мај поевтини за 0,6 отсто

Трошоците за живот во мај поевтини за 0,6 отсто

Tрошоците на животот во мај годинава во споредба со мај лани биле пониски за 0,6 отсто, а цените на мало за 0,7 oтсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во мај во однос на април, пак, е евидентирано зголемување од 0,3 oтсто на трошоците на живот и цените на мало. Порастот е резултат на повисоките цени на свежото овошје за 3,5 oтсто, другите пецива за 2, свежиот зеленчук за 1,5, конзервираната риба за 1,2, сувото овошје за 0,7, конзервираните месни производи за 0,5, преработките од млеко за 0,4, рибата, шеќер, џем, чоколади и други кондиторски производи за 0,3 и другите неспомнати прехранбени производи за 2,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 2,9, течните горива за домаќинствата за 1,9, течните горива и мазива за 1,7, цврстите горива и здравствените услуги за 0,5 отсто.

Според статистика, намалувањето на трошоците на живот во мај споредено со април оваа година е забележано кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто, јајцата за 1, трајните кобасичарски производи за 0,5, тестенините и безалкохолните пијалаци за 0,3 и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во мај, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај средствата за рекреација и култура за 3 отсто, фармацевтските производи за 0,6 и средствата за чистење и оддржување на домаќинствата за 0,2 отсто.