петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Трошоците на живот во април повисоки за 0,1 отсто

Порастот на трошоците на живот од 0,1 процент минатиот месец е резултат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 4,8 проценти, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 1,4 проценти, алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, изнутриците, свежата и разладена риба за 0,3 проценти и замрзнатиот зеленчук, освен компирот, за 0,2 процента.

Трошоците на живот во април повисоки за 0,1 отсто

Трошоците на живот во април повисоки за 0,1 отсто

Последни вести

Трошоците на живот во април во однос на март годинава се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,5 отсто. Споредено со април лани трошоците на живот се намалени за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на живот од 0,1 процент минатиот месец  е резултат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 4,8 проценти, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 1,4 проценти, алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, изнутриците, свежата и разладена риба за 0,3 проценти и замрзнатиот зеленчук, освен компирот, за 0,2 процента.

Во април, исто така, пораст на трошоци на животот е забележан и кај течните горива и мазива за домаќинствата за 5,5 проценти, патниот сообраќај за 4,9 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,4 проценти, туристичките аранжмани и социјалната заштита за 3,7 проценти, услугите за одржување и поправка на стан за 3,5 проценти, обувките за 3,1 процент, велосипедите за 2,4 проценти, авионскиот превоз на патници за 1,8 проценти, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,5 проценти, алатите и опремата за куќи и градини за 1,2 проценти, гасот за домаќинствата за 0,9 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 0,4 проценти, накитот и часовниците за 0,3 проценти и текстилот за домаќинствата за 0,2 процента.

Намалување на трошоците на животот во април во однос на март годинава е забележано кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирот, за 6,3 проценти, маслото и маснотиите за 2,4 проценти, другите прехранбени производи за 1,4 проценти, оризот за 1,3 проценти, месото за 0,5 проценти, брашното и другите житарици, сушеното, соленото и чаденото месо и другите преработки од месо за 0,4 проценти, млекото, сирењата и јајцата за 0,3 проценти и лебот, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти.

Според ДЗС, намалување на трошоците на живот е забележано и кај болничките услуги за 4,4 проценти, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 2,3 проценти, средствата за чистење и одржување на станот за 2,2 проценти, услугите и средствата за лична хигиена и здравје за 0,3 проценти и лековите и услугите за култура за 0,2 проценти.

Најчитани вести