Трпески: „Дуинг бизнис“ ги потврдува реформите и политиките кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе

Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години и јасната стратегија за раст и развој на Република Македонија се чувствуваат и во последната година од техничката влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имено во годишниот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка, Република Македонија е рангирана на 11-то место за водење на бизнис во светот и на 5-то место во Евро

-Извештајот е правен врз основа на информации и спроведени реформи собрани во периодот од ноември 2016 година до јуни 2017 година. „Дуинг бизнис“ на Светска банка ги потврдува реформите и политиките кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе во периодот од 2006-та до 2017-та година. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа ја позиционираа Република Македонија од 92-рото место во Извештајот за водење бизнис за 2007-ма година кој излезе во октомври 2006-та година, за денеска во овогодинешниот Извештај да бидеме на 11-тото. Република Македонија во неколку извештаи од Светска Банка беше и топ реформатор на годината, истакна Трпески и додаде:

„Во овогодишниот извештај иако за целиот пресметковен период со државата управуваше техничката влада, а Собранието воопшто не функционираше, институциите во Република Македонија продолжија со реформите така споредбено со „Дуинг Бизнис“ извештајот за 2017 година Република Македонија има напредок во рангирањето во земањето кредит каде од 16 место лани оваа година имаме напредок за 4 места и Република Македонија е рангирана на 12 место, најголем напредок оваа година имаме во заштита на малцинските акционери и од 12-тото место минатата година оваа година сме на високото 4 место во светот, во критериумот спроведување на договори имаме напредок од 1 место односно од 36 место минатата година во 35 место оваа година, а напредок имаме и во критериумот решавање на несолветноста и од 32 место минатата година оваа година сме рангирани на 30 место во светот. Напредок е забележан и во регистрирањето на сопственоста во делот на квалитетот на земјишната администрација за 1 процентен поен, како и во критериумот за преку граничната трговија, но се недоволни за раст на скалата на „Дуинг бизнис“ во овие критериуми, па таму се задржани постојните 48 односно 27 место“.

Падот на листата на „Дуинг бизнис“, додаде тој, од минатогодишното 10 место на овогодишното 11 место се должи на големиот напредок кој го има Грузија од минатогодишното 16 место на овогодинешното 9 место со што Шведска и Македонија ги заземаа 10 односно 11 место од една страна и кризата која ги оневозможи планираните реформи со чија имплементација веруваме дека ќе овозможеа и подобро рангирање на Република Македонија од 10 место во „Дуинг бизнис“ извештајот за 2017 година.

-За одбележување е и фактот дека во топ 20 држави по создавање на услови за правење на бизнис за 2018 година, дури 18 држави се високо развиени држави, само Република Македонија и Грузија се единствени две средно развиени држави, што само го потврдува фактот дека и малите држави со вистински реформски влади можат многу да напредуваат, Македонија од 92 место во 2007 да напредуваат дури 81 место и денес да сме е 11-та држава во светот по правење на бизнис. Новата влада треба да ги следи стапките на владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ и да продолжи со стимулативно-активни мерки кои ги поедноставуваат и забрзуваат процедурите, но и истовремено да промовираат стабилна бизнис околина со ниски даноци. Ако по утрото денот се познава денешното ново задолжување од 71 милион евра или севкупно задолжување од над 600 милиони евра за само пет месеци ќе допринесе ваквата успешна економска приказна наскоро да стане минато, потенцираше Трпески.

па, истакна Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.