Македонија

Трпески: Поефикасни услуги за граѓаните благодарение на реформите во Катастарот

Трпески: Поефикасни услуги за граѓаните благодарение на реформите во Катастарот

Благодарение на реформите кои во изминативе години ги направи Катастарот на недвижности, пред се воспоставувањето на електронскиот катастар, поврзувањето со приватните геодетски фирми, со општините и дигитализацијата, минатата година Катастарот ја заврши со само 0.12 отсто нерешени предмети од околу еден милион предмети.

Ова го истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, во вестите на Алфа телевизија, кој додаде дека до Катастарот пристигнале преку 277.000 предмети.

Просечното време за решавање на предметите во кои се опфатени геодетски елаборати, како што нагласи, се решаваат за пет дена, што рече, е најдобро просечно време за решавање и во Европа во Катастерите каде што на едно место се и геодезијата и правото. Останатите предмети, нагласи тој, се решаваат во рок од два дена.

„Ова за граѓаните значи огромен бенефит, кратење на трошоците пред се, бидејќи до сега граѓанинот мораше да дојде до катастарот да го извади својот имотен лист и да поднесе барање, а сега тоа го прави до најблискиот, нотар, најблискиот геодет, односно до општината,“ нагласи Трпески.

Тој додаде дека од 3.Февруари годинава сите нотари ги доставуваат предметите во Катастар по електронски пат.

„Целта е да се скратат трошоците а Катастарот од друга страна да има професионални корисници, нотари, општини и геодети, со цел на едно место граѓаниот да ја заврши целокупната работа,“ рече првиот човек на Агенцијата за катастар на недвижности

Целото гостување на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески во вестите на Алфа телевизија, во видеото во продолжение.