вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Трпески: Се очекува благ пад на цената на недвижностите

Во вториот квартал од годинава во Регистарот на цени и закупнини се запишна 5.922 трансакции од кои 58 отсто отпаѓаат на продажби, 30 отсто на закупи, девет проценти на продажби од инвеститор, односно први продажби на недвижности и само три отсто на откупи од државата. Во овој период не се регистрирани продажби по пат на лицитација.

трпески

Поврзани вести

Најголем број трансакции 2.119 имало во април, а најмал во мај кога е регистрирана 1.891 трансакција. Најголем број станови 264 биле продадени во општина Аеродром по што следат Карпош со 168 и Охрид со 151 стан. Од продадените станови 499 или за 228 помалку од истиот период лани се новоградби, а најпродаваните станови, пак, се со површина од 45 до 55 метри квадратни.

Агенцијата за катастар на недвижности во наредниот период очекува да продолжи растот на понудата, односно зголемување на бројот на новоизградени станови, и да дојде до благ пад на цените на недвижностите како резултат на  намалената активност на пазарот на недвижности, рече директорот на Катастарот Славче Трпески на денешната прес-конференција.

Од податоците во извештајот, додаде, можеме да заклучиме дека во вториот квартал од 2016 година имаме намалување на активностите на пазарот на недвижностите и надолен тренд на бројот на трансакции, дека понудата на станови на пазарот ја задоволува побарувачката и оти во моментов има доволна залиха на новоизградени станови.

Во споредба со истиот квартал од лани кога беа регистрирани 4.633 трансакции, оваа година бележиме пораст од 1.289 трансакции. Сепак, споредено со трансакциите од првиот квартал на 2016 година кога во Регистарот беа запишани 7.922 трансакции, има пад на бројот на трансакции со недвижности за околу  2.000. Споредбено со истиот квартал од 2015 година, годинава бележиме раст на продажбите за три отсто, како и раст на продажбите од инвеститор за еден отсто, кај закупите има пад на трансакциите за четири отсто, додека бројот на откупите од Република Македонија во вториот квартал лани и годинава е идентичен, односно изнесува три отсто од вкупниот број трансакции, појасни Трпески.

Тој посочи дека во вториот квартал годинава согласно податоците од електронскиот катастар има 2.842 станови кои се непродадени и се нудат на пазарот со недвижности, а во тек на градба се 7.969 станови што е за 278 непродадени станови и 2.862 стана повеќе во споредба со првиот квартал од 2016 година.

Во овој квартал се регистрирани 3.954 продажби со вкупна вредност од 8.201.779.569 денари или околу 133,3 милиони евра, а во истиот период лани беа регистрирани 2.910 продажби со вкупна вредност од 5.423.674.733 денари или 88,1 милион евра, при што оваа година бележиме зголемување на продажбите за 1.044 и зголемување на вредноста за 2.778.104.836 денари или 45,1 милиони евра. Доколку, пак, се направи споредба на вториот квартал со првиот квартал од оваа година, се забележува намалување на продажбите за 1.259 и намалување на вредноста за 1.085.347.158 денари или 17,6 милиони евра, рече Трпески.

Кај закупите во вториот квартал од годинава се регистрирани 1.799 трансакции со вредност на вкупната месечна закупнина од 42.060.479 денари или 684 илијади евра. Споредбено со вториот квартал од 2015 година има зголемување на закупите за 163 трансакции и зголемување на вредноста за 10.701.363 денари или 174 илјади евра.

Споредбено, пак, со првиот квартал од 2016 година има регистрирано 2.771 закуп со вкупна месечна вредност од 40.756.614 денари или 662 илјади евра. Во овој квартал се забележува намалување на закупите за 972 трансакции, но зголемување на вредноста за 1.303.865 денари или 21 илјада евра. Причината да имаме зголемување на обемот на вредноста на закупите во услови на намален број трансакции е поради тоа што во првиот квартал од 2016 година имаме доминантен број закупи на земјоделско земјиште, додека во вториот квартал имаме доминантен број закупи на станбен и на деловен простор, појасни Трпески.

Цените на становите, прецизира, се стабилни со ниво на флуктрација од плус минус 3.000 денари. Највисока цена на метар квадратен станбен простори од 55.994 денари има во општина Центар што е за 6.649 денари помала во однос на истиот период лани, а потоа следи Карпош со 54.548 денари или за 338 денари повисока од лани. Стабилна цена на станови има во Струмица, најголем пад во однос на лани е забележан во Тетово, а најголем раст на цената на метар квадратен станбен простор во вториот квартал од годинава има во Охрид каде просечната цена од 43.477 денари пораснала на 57.957 денари по метар квадратен или за 14.510 денари. Кај закупнините има трендови на балаго опаѓање или на задржување на истите цени од лани. Така во Карпош лани се плаќало230, агодинава 204 денари закуп на метар квадратен станбен простор во Аеродром лани имало просечна цена од 180, а годинава од 168 денари во Куманово лани 170, а годинава 86 деанари,.. Цените на пазарот на недвижности, потенцира, се стабилни и со благ пад во некои општини во делот на закупите.

Во Македонија, како што истакна, под хипотека се дадени 99.927 станови или 9,75 отсто што е значително помалку од европскиот просек кој изнесува 30 отсто.

Најчитани вести