Македонија

Трпески: Спремни сме за бесплатна подготовка на елаборати за социјално загрозените семејства

Трпески: Спремни сме за бесплатна подготовка на елаборати за социјално загрозените семејства

Дигитализацијата на катастарските планови е една од клучните реформи во изминатиов период кои Агенцијата ги прави. Една година и неколку месеци помина од почетокот на овој проект, а веќе 60,7 проценти од катастарските планови се дигитализирани, додека 38,9 проценти се веќе ставени во употреба, односно секојдневна примена.

Ова денес го истакна директорот на Агенцијата за Катастар Славчо Трпески во гостувањето на Канал 5, кој посочи дека тие 38,9 проценти опфаќаат околу 44,44 проценти од територијата на Република Македонија.

-Ова овозможува многу бенефити, како за Агенцијата, така и за надворешните корисници. За Агенцијата се однесува пред се во брзината на решавање на предмети и во брзината на издавањето на податоците. Овој проект се спроведува на територија на целата земја. Имаме подрачни оддленија во кои веќе е завршена фазата. Генерално овие 60 проценти покажуваат дека во некои општини сме во понапредна фаза, некои во подецнежна фаза, но генерално оние рокови од Светка банка се надевам дека многу порано ќе ги завршиме, истакна Трпески.

Директорот на Агенцијата за Катастар во однос на транспарентноста на целиот процес и увидот на граѓаните во истиот истакна дека секоја катастарска општина кога ќе биде целосно дигитализира следува објава на веб страната на Агенцијата. Со ова граѓаните ќе може да видат дали нивната општина е опфатена , веќе е завршена или е во фаза на завршување.

Трпески потенцираше дека како Агенција се подготвени за бесплатната подготовка на елаборати за социјално загрозените семејства и ги повика сите приматели на социјална помош да се обратат во подрачните одделенија каде се наоѓат нивните недвижности и да побараат од Агенцијата да направи бесплатен геодетски елаборат.