Трпески за РСМ: Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку вреди нивниот имот

За две недели ќе профункционира берзата на прометот и вредноста на недвижностите. Секој граѓаните бесплатно ќе може да се информира каква е пазарната вредност на објектот што во моментот го поседуваат. Софтверот е направен, следниот чекор е формирање на цените, вели за индекс на Радио Слободна Македонија директорот на агенцијата за катастар Славчо Трпески.

– Секоја промена ќе биде евидентирана со самото склучување на купопродажен договор или договор за закуп, вели за индекс на Радио Слободна Македонија, вели Трпески. Се изврши масовна проценка на недвижностите со цел утврдување на индексот на вредноста на недвижностите, на дневна, на месечна и на годишна основа.

– Ако денес некој сака да купи стан и не знае која е неговата цена во иднина ќе може да си ја формира преку катастарот. Пред да купи нов стан точно ќе знае колкава е вредноста на таа недвижност. Тој веќе ќе има информација со која ќе настапи во промет. Во делот на бизнисот исто така ќе има доста кратење на трошоците што ги имаат сега, пред се тука би ги издвоил банките, затоа што издаваат хипотеки и кредити на многу субјекти. На запад постојат стандарди, кои полека влегуваат и во Македонија, вели Трпески.