Трудна или само алергична, очекува ли кралското семејство принова?

Кејт Миделтон и принцот Вилијам би можеле повторно да постанат родители, така барем се зборува во круговите блиски на кралското семејство, пишува дневник хр.

Принцот Џорџ дојде на свет пред една година. Беше дочекан со кралски почести и славење.Но сега кружат гласишта дека малиот принц би можел да добие брат или сестра.

Различни медиуми наведуваат дека Кејт е повторно трудна откако имала спонтан абортус пред неколку месеци.
Гласиштата се појавија минатиот викенд кога Кејт се појавила на Тур де Франс наводно подуена и отечена, за што можеби има алергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.