Трудница и нејзиното двегодишно дете прегазени на пешачки

Несовесен возач прегази бремена жена и нејзиното двегодишно детенце на пешачки премин во Смедерево.

Се работи за 21-годишна бремена девојка и нејзиното двегодишно детенце кои биле прегазени од несовесен возач, кој не и дал предност иако таа ја туркала количката со детето на пешачки премин.

Против 38-годишниот возач А.Ј. ќе биде покрената кривична за делото кое го направил.

За среќа, трудницата и бебето сега се во добра состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.