Спорт

Труење со храна кај кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Лакташи

Труење со храна кај кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Лакташи

Дел од кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и нивниот тренер Александар Јончевски добиле труење со храна по вечерата во хотелот каде во релаксирана атмосфера ја прославувале победата над Игокеа остварена вчеравечер во Лакташи, пренесе МИА.

Првите симптоми се појавила пред влегувањето во автобусот пред враќањето за Скопје. Патувањето поминало со чести паузи поради повраќање и дијареја. Најпогодени од труењето биле тренерот Јончевски, Горјан Марковски, Љубомир Младеновски и Марко Љубичиќ. Тие по пристигнувањето во Скопје добиле инфузија по што состојбата им се стабилизирала.

Неофицијално, станува збор за труење со бактеријата салмонела.

И покрај здравствените проблеми се очекува сите „погодени“ да можат да одговорат на обврските на следниот натпревар на МЗТ в недела против Сутјеска во Скопје.

МЗТ Скопје Аеродром по победата над Игокеа (86:70) се искачи на петтата позиција на табелата во АБА лигата.