Труење на војници во Штип, Шеќеринска се слика со амбасадори

Војници биле затруени од храна денеска во штипската касарна, дознава НетПрес. Нашите информации велат дека двајца војници, со симптоми на труење проследено со дијареја, рано утрово биле однесени во армиската амбуланта во касрната во Штип.

Неофицијалните информации велат дека труење од храна всушност имало кај повеќе војници, но на двајца здравствената состојба им се влошила и итно биле однесени на амбулантско лекување.

Војниците биле од касарната „Криви Дол“, која е одвоена физички од штипската касарна. Затруените биле на стражарска долкжност. Но, откако им била укажана медицинска помош во армсиката амбуланта, тие повторно биле вратени на стражарската должност, и им било речено дека дополнително ќе бидат повлечено и заменети со други двајца војници, а дотогаш ќе треба да си ги извршуваат обврските.

Неофицијално имало обид целиот случај да биде сокриен од очите на јавноста.

Засега нема официјална информација од Министерството за одбрана за овој случај, очигледно министерката Радмила Шеќеринска е презафатена со средби со амбасадори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.