Пронајден машки труп на тврдината Исар во Штип

Машки труп бил пронајден утринава на тврдината Исар во Штип. Безживотното тело било најдено утринава околу 9 часот и 20 минути од страна на случаен минувач.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека станува збор за 40-годишниот Марјанчо Б. кој е пронајден мртов во близина на стариот резервоар на тврдината Исар во Штип.

По извршениот увид од страна на екипа од Полициската станица во Штип телото на починатиот е предадено на обдукција во Клиничка болница Штип по што ќе се утврди дали станува збор за насилна смрт или починатото лице самото си го одзело животот.

Повеќе детали од полицијата најавија во текот на наредните денови.