Балкан

Цело српско село краде струја, направиле нелегална електрична мрежа

Цело српско село краде струја, направиле нелегална електрична мрежа

Сите 29 куќи во селото Обада, недалеку од градот Крагуевац , во централниот дел на Србија , крадат електрична енергија.

Во текот на десет години ниту едно домаќинство не платило ниту една сметка за електрична енергија. Селаните сами се си изградиле „електрична мрежа“. Тие поставиле сопствени столбови , трафостаници и имаат поставено кабли до своите домови.

„Тие создадоа 100 процентна илегална електрична мрежа. Пред неколку дена сите беа исклучени и против нив е покренато обвинение. Неколку часа потоа тие повторно се прикчучија нелегално, не ни останува ништо друго освен повторно да ги исклучиме“, рекол Небојша Обрадовиќ, директор на „Електро Шумадија“.