Цената на акциите на компанијата Фершпед денеска изнесува фантастични 113. 576 денари.

Цената на акциите на компанијата Фершпед денеска изнесува фантастични  113. 576 денари. До сега, ова е повеќекратно зголемување на цената на акциите, откако, потпретседателот на Надзорниот одбор и долгогодишен втор човек на Фершпед, Кираца Трајковска јавно објави војна против „нестручното и незаконско работење на одредени членови на УО и на НО,“ цената на акциите, наместо да падне, неочекувано се искачи дури на 113.576 илјади денари.

„Нема логика во нашата берза. Во оваа работа со акционерските друштва, се е возможно. Иако има правила на берзанска игра, кај нас паќ ќе кажам, се е можно.Тоа е така, бидејќи нема вистински акционерски фирми и внатрешната акционерска структура не е завршена како што треба. Дали е оправдан овој раст на цената на акциите, ќе покаже времето,“ неодамна за Нетпрес изјави брокерот Кирил Митровски.

Според познавачите на состојбите на пазарот на македонска берза, ова е уште еден доказ дека нашиот пазар не реагира логично или пак реагира спротивно од очекуваното, по повод некоја сензитивна информација поврзана со работата на компанијата.