Балкан

Црна Гора доби зелено светло за отворање на две поглавја

Црна Гора доби зелено светло за отворање на две поглавја

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија, на состанок во Брисел, дале зелено светло за Црна Гора за отворање на поглавјата 23 и 24, кои ЕУ ги означила како клучни за понатамошните европски интеграции на државата.

Како што наведуваат тамошните медиуми, амбасадорите на земјите од ЕУ ги усвоиле преговарачките позиции за поглавјата 23 и 24, што значи дека Црна Гора формално добила одобрение за отворање на тие поглавја, кои што се однесуваат на областа на правосудството и владеење на правото.

Црна Гора, досега, привремено ги затвори двете преговарачки поглавја 26- кое се однесува на образованието и културата, и 25-кое ја покрива областа на науката и истражувањето.