ТТК Банка ја проширува деловната мрежа

ТТК Банка денес отвори нов шалтер во полошкиот регион, во oпштината Брвеница, како четврта новоотворена деловна единица оваа година. Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

Новиот шалтер во општина Брвеница се наоѓа на ул. Маршал Тито бр.94, с. Брвеница и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16h.

Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање на физички и правни лица, депозитно работење и други.

На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 33 деловни единици: 7 филијали, 22 експозитури, 4 шалтери.

До крајот на годината, Банката дополнително ќе ја проширува деловната мрежа и ќе биде присутна во вкупно 25 општини на територијата на Републиката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.