ТТК банка прославува 20 години од основањето на нејзиниот претходни Тетекс банка

Точно пред 20 години беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешна ТТК Банка. 

„Идејата за формирање на уште една банка во Македонија веднаш по нејзиното осамостојување потекна од АД Тетекс од Тетово од тогашниот и сегашен Претседател на Надзорниот одбор на Банката, Глигорие Гоговски. Подоцна во 2000 година Тетекс Банка АД Скопје со спојувањето со  Кредитна Банка АД Битола која истотака беше основана во јуни 1993 година  ја оформија Тетекс – Кредитна Банка, а од 01.06.2006 година заедно со Тетовска Банка АД Тетово, продолжи да работи под денешното име ТТК Банка АД Скопје“, стои во соопштението на Банката.

ТТК Банка останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион, во кој според документите банкарството почнува да се развива  уште во 1930 година со формирањето на тогашната Тетовска Кредитна Банка АД, како една од најстарите банки во македонската банкарска историја до денес.

„Денес, ТТК БАНКА АД Скопје, е успешна средна банка со стабилен позитивен раст. Банката располага со широко распространета мрежа на филијали и експозитури низ цела територија на Република Македонија, со вкупно 8 филијали и 23 експозитури“, се наведува во соопштението од банката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.