Македонија

ТТК Банка со намалени каматни стапки и нови поволности за кредитирање

ТТК Банка со намалени каматни стапки и нови поволности за кредитирање

Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање.

Корисниците, приматели на плата или пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за ненаменски потрошувачки хипотекарен кредит со најниска ФИКСНА каматна стапка од 5,9% во првата година, односно 7% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, без надоместок за одобрување до 31.01.2015, со долг рок на отплата до 15 години и грејс период до 6 месеци.

Со овој производ Банката нуди икслучително поволни услови за кредитирање, како и можност за рефинансирање на постојните обврски по кредити, а кои се однесуваат пред се на можноста за отплата на кредитот по пониска каматна стапка и на подолг рок Со оваа поволност, корисниците на овој кредит во ТТК Банка ќе плаќаат пониска месечна рата, а ќе им останат повеќе средства на располагање во месецот и можност да ги реализираат полесно своите планови.

Сите вработени во државните институции и акционерски друштва кои примаат плата преку ТТК Банка, како и пензионерите кои примаат пензија преку оваа банка, имаат можност да аплицираат за ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со ФИКСНА каматна стапка од само 6,1% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти, во зависност од месечните примања и без надоместок за одобрување до 31.01.2015   година.

Уште една поволност на ТТК Банка е наменета за корисниците на ненаменските потрошувачки кредити, хипотекарните и станбените кредити. Во промотивен период до 31.01.2015 година, банката овие кредити ги нуди БЕЗ ПРОВИЗИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ.

Со секој новоодобрен кредит, ТТК Банка нуди можност за аплицирање за VISA Classiс кредитна картичка без членарина за првата година.

Повеќе информации за кредитите и поволностите кои ги нуди ТТК Банка може да се најдат на нивната веб страна www.ttk.com.mk.