ТТК Банка со новa понискa каматнa стапкa за станбен кредит

Од 1 јануари оваа година, ТТК Банка АД Скопје ja намали каматнaтa стапкa на СУПЕР станбениот кредит за физички лица и воведе две понуди за овој кредитен производ.

Во рамките на првата понуда, корисниците, приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка, со атрактивна ФИКСНА каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.

Со втората понуда, корисниците, приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за кредитот со ФИКСНА каматна стапка од 4,90% во првите пет години, односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.

Покрај намалената фиксна каматна стапка и зголемениот фиксен период, Банката овој производ го нуди и со дополнителни олеснувања – без трошок за  аплицирање, без трошок за проценка за првата година и грејс период до 12 месеци, само 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

Супер станбениот кредит е наменет за купување на нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице, за изградба,  доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа) како и за рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

 

Станбените кредити, како и ненаменските потрошувачки кредити во промотивен период до 31.01.2015 година, Банката ги нуди БЕЗ ПРОВИЗИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ.